ЈА ШОКИРАШЕ ПУБЛИКАТА НА КОНЦЕРТОТ Хари Стајлс ја соблече патиката и пиеше алкохол од неа (ВИДЕО)
Британскиот пејач Хари Стајлс ги шокираше обожавателите со својот потег на концертот во Перт, во рамки на неговата австралиска турнеја.
Британскиот пејач Хари Стајлс ги шокираше обожавателите со својот потег на концертот во Перт, во рамки на неговата австралиска турнеја.
Стајлс во еден момент ја соблекол едната патика и во неа сипал алкохолен пијалак кој потоа го испил пред вџашената публика.
Како што може да се забележи на видеата кои ги објавија неговите обожаватели, 29-годишниот пејач ја соблекол својата патика, ја наполнил со алкохолен пијалак и се напил од неа.
„Јас се чувствувам како сосема нова личност. Јас се срамам од себеси, ова е премногу лично. Ова е премногу интимен момент за да го споделам со толку многу луѓе. Ќе зборувам за ова со мојот психотерапевт“, се пошегувал тој.