УШТЕ ЕДЕН УДАР ВРЗ ПРАВОСУДСТВОТО Пратеничката Панова за изборот на Џафери јуниор за обвинител
Како ние утре да веруваме кога некој од овие лица ќе дели правда, ако се отворила ваква дилема без да биде затворена за јавноста и без да биде одговорено од институциите од кои што тоа се очекува - рече Панова.
Изборот на синот на Талат Џафери за обвинител, за кој ДКСК отвори постапка дека положил правосуден пред да заврши факултет, е директен удар врз правосудството, истакна Ели Панова, пратеничка и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Само вистина” на телевизијата Канал 5.
– Секој има право да конкурира, да се запише, да направи одреден успех, и да се рангира на одредена листа. Меѓутоа, за лица за кои што постојат сомневања, и притоа ДКСК отворила предмети, како што е на пример случајот со синот на Талат Џафери, за кој што излезе во јавноста дека всушност без завршен факултет полагал правосуден испит, и утре треба да биде обвинител или судија, е директен удар врз судството и обвинителството. Впрочем, како ние утре да веруваме дека некој од овие лица ќе дели правда, кога се отворила ваква дилема без да биде притоа затворена за јавноста и без да биде одговорено од институциите од кои што тоа се очекува – рече Панова.
Таа посочи дека довербата кај граѓаните во судството е драстично падната, и тоа е показател дека државата не се движи во правилна насока.