РЕКОНСТРУКЦИЈАТА Е САМО ЗА СПАС НА СДСМ И ДУИ Вака Клековски го оцени маневарот на партиите на власт

Клековски истакна дека владата на СДСМ и ДУИ го злоупотребуваат терминот за европска Македонија, се со цел да си ја сокријат и неспособноста и корупцијата, укажувајќи дека според анкетата на Евротинки за прв пат во историјата на Македонија, поддршката од граѓаните за Европската унија паднала под 50 проценти.

637

Не гледам дека нешто ќе се смени со ова реконструкција, ова пред се е маневар за спасување на владата, смета Сашо Клековски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Топ тема на Ваша страна на телевизија Телма.

Клековски истакна дека владата на СДСМ и ДУИ го злоупотребуваат терминот за европска Македонија, се со цел да си ја сокријат и неспособноста и корупцијата, укажувајќи дека според анкетата на Евротинки за прв пат во историјата на Македонија, поддршката од граѓаните за Европската унија паднала под 50 проценти. Обидите на власта да го прикажат ВМРО-ДПМНЕ, според Клековски, веќе стануваат излиени и досадни фрази.






– Не познавам луѓе на анкети кои што би одговориле дека не се за Европа или се за некаква поинаква Македонија. и во основа СДСМ и ДУИ манипулирајќи го терминот ЗА Европа, ЗА Европска Македонија, а позади тоа сокривајќи ја својата неспособност и корупција до придонесоа за прв пат во историјата на Македонија, поддршката за ЕУ, иако прашањето на Евротинк беше поинаку формирано, е под 50 проценти, рече тој.

Поврзани содржини