КОГА МЛАДА ДОМАЌИНКА ЌЕ СИ ПРИЛАГОДИ РЕЦЕПТ ЗА МАФИНИ… Одличен начин да го искористите локумот пред да му помине рокот
Понекогаш кога човек нема многу време зашто му се најавиле гости, станува уште поинвентивен. Така и нашата млада читателка Јана
Кога ќе им се пријаде на домашните нешто благо, а таа е во елемент за готвење, нашата млада домаќинка и читателка Јана Русевска, навистина прави чуда.
Не е дека прави баш од глава, ама ги прилагодува веќе испробаните рецепти и потоа само „филува“. Последниот изум ѝ е колачот направен по основниот рецепт за мафини, со тоа што, наместо еден куп шеќер (250 грама), како што е според рецептот, таа нашла начин да намали со количината на шеќер во тестото, ама и да го искористи локумот кој онака клот, слабо се јаде. Дополнително е интересно и тоа што кога ролатот ќе се исече, локумот внатре му дава уште поинтересен изглед.
Инаку, оригиналниот и основен рецепт по кој таа го направила колачот е за мафини и можете да го најдете ТУКА.