СО ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ГЕРМАНСКО-ФРАНЦУСКИОТ ПЛАН Српската десница не прифаќа „предавство на Косово“
Одбивање на француско-германскиот предлог за Косово побара коалицијата НАДА, чиј столб е Новата демократска партија на Србија, потоа српското движење Двери, Заветници, Движењето за одбрана на Косово и Метохија и Српската младина за Космет. За овие партии и движења заеднички е и ставот да не се воведуваат санкции кон Русија.
Повеќе десничарските партии и движења во Србија најавија организирање голем народен собир насочен против француско-германскиот предлог за решавање на односите со Косово. Српскиот претседател Александар Вучиќ би можел да се соочи со улични протести, а потенцијалот на вакви настани се виде во 2020 година, кога десничари, спротивставувајќи се на мерките за Ковид-19, упаднаа во Собранието на Србија, а полицијата мораше да употреби солзавец.
Сепак, велат аналитичари во Србија, овие протести нема да бидат голем проблем за Вучиќ.
– За тие граѓани за време на изборната кампања, политичката понуда на партиите на власт и прозападната опозиција не понуди можност за капитулација, воведување санкции против Русија и потпишување на актот за признавање на суверенитетот на лажна држава Косово – изјави
потпретседателката на српското движење Двери и пратеничка во српскиот парламент Тамара Миленковиќ Керковиќ.
Одбивање на француско-германскиот предлог за Косово побара коалицијата НАДА, чиј столб е Новата демократска партија на Србија, потоа српското движење Заветници, Движењето за одбрана на Косово и Метохија и Српската младина за Космет. За овие партии и движења заеднички е и ставот да не се воведуваат санкции кон Русија.
На прашањето дали групите од десничарскиот спектар кои го најавуваат националниот собир очекуваат поддршка од Русија, потпретседателката на Двери Тамара Керковиќ не даде конкретен одговор.
По парламентарните избори во април 2022 година, десницата доби парламентарна сила во Србија, со што стана значаен противник на европските и американските напори за решавање на односите со поранешната покраина Косово.
Француско-германскиот план е предлог за договор за нормализација на односите меѓу Србија и Косово, кој сè уште не е јавен. Претседателот на Србија најави подготвеност да работи на неговото спроведување. За предлогот на западните дипломати наскоро ќе се расправа на специјална парламентарна седница.