ТОМ КРУЗ Е НАЈПЛАТЕН ПО ИЗГОВОРЕН ЗБОР А дали знаете колку чини тој збор?

Се проценува дека Круз заработува 7.091 долари по изговорен збор, односно 205.639 долари за 10 секунди дијалог.

647

Холивудскиот актер Том Круз го крена светот на нозе со улогата во филмот „Топ Ган“, а потоа и со франшизата „Невозможна мисија“.

Круз најчесто можеме да го видиме во акциони филмови, а како што пренесува веб-страницата Casumo, се проценува дека Круз заработува 7.091 долари по изговорен збор, односно 205.639 долари за 10 секунди дијалог.






На второто и третото место на оваа листа се Курт Расел со 5.682 по збор и Џони Деп со 4.877 долари по изговорен збор.

Кај жените, Камерон Дијаз, сега пензионирана, води со 4.637 долари по изговорен збор, пред сѐ, благодарение на филмот „Лоша учителка“.

Она што е интересно е што тука не е вклучен филмот „Топ ган: Маверик“, па се верува дека Том Круз отишол уште понапред од колегите по заработка, пренесува „Н1“.

 

 

Поврзани содржини