ПОДМЕТНАТ ПОЖАР ИЛИ НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ? Изгоре „бмв“ во липковско Никуштак
Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот и презема мерки за расчистување на случајот.
Опожарено е возило „бмв” во липковското село Никуштак, соопшти денеска кумановската полиција.
„Вчера во 11:55 часот во полициско одделение Матејче било пријавено дека во село Никуштак, Општина Липково настанал пожар во патничко моторно возило ‘бмв’ без регистарски ознаки“, информираше полицијата.
Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот и презема мерки за расчистување на случајот.