ПРИСТИГНУВААТ „ВОЛЦИТЕ“ Двајцата најубави мажи на светот фотографирани заедно (ВИДЕО)
Актерските мегаѕвезди Бред Пит (59) и Џорџ Клуни (61) повторно работат заедно – видени се во Њујорк, на снимањето на новиот трилер на Епл „Волци“,
Актерските мегаѕвезди Бред Пит (59) и Џорџ Клуни (61) повторно работат заедно – видени се во Њујорк, на снимањето на новиот трилер на Епл „Волци“, кој почна да се снима во Харлем, пишува „Дејли мејл“.
Двајцата најубави мажи на светот се најдоа заедно и претпоставуваме дека обожавателите тоа едвај го чекале.
View this post on Instagram
Холивудските шмекери како претхнод да се договориле за истиот стајлинг, појавувајќи се во слични црни кожени јакни, сиви панталони и црни чевли. Овие двајца шармери биле во одлично расположение и покрај студеното време во Харлем.
Бред изгледа одлично н во црна кожена јакна под која носи сива јакна и бела кошула, комплетирајќи го изгледот со сиви панталони и црни кожени чевли. Изданието на Џорџ е многу слично, освен што носи црна кошула со повисока јака.
View this post on Instagram
Актерите се фотографирани како одлично се забавуваат на снимањето на филмот, а се и долгогодишни пријатели. Последен пат заедно беа видени на филмското платно во „Oceans 11“ и „Burn after reading“.
Филмот кој во моментот се снима, зборува за двајца осаменици кои добиваат иста работа, а е трилер.
View this post on Instagram
И Пит и Клуни се поврзани со Епл од септември 2021 година, кога компанијата победи на тендерот за проект кој повторно ги обединува двајцата филмски великани.
И двајцата актери се вбројуваат во листите на најубави и најсекси мажи, а бидејќи се одлични пријатели знаат да се пошегуваат на тоа. Кога Бред во едно неодамнешно интервју го нарече Џорџ „еден од најжешките живи мажи“, Клуни коментираше: „Тој е во право за тоа. Ајде да се разбереме, тој е во право“.
ФОТО: Инстаграм