НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 23 ДО 29 ЈАНУАРИ На Овенот му цвета љубовта, а Шкорпијата со леснотија ги постигнува деловните цели

Близанаците дојдоа до точка кога треба да направат биланс на нивниот љубовен живот, Водолијата треба да биде внимателна пред да потпише каков било договор поврзан со работата.

8,202

Дознајте што предвидува вашиот неделен хороскоп за оваа недела на работното место, во љубовта и дали ќе се сложувате со семејството.

Овен (21.3 – 20.4)






Работа: Вистинско време е да реализирате некои бизнис идеи, доаѓаат бројни решенија. За да ги дочекате новите работи, потребно е во сѐ да ја пронајдете вистинската мерка. Надарени сте лесно да спроведувате ред и дисциплина, но ќе мора да прифатите дека околу вас има луѓе на кои не им се допаѓа вашиот модел на однесување.

Љубов: Во наредниот период можна е понуда за брак или ново романтично познанство. Љубовта добива сила. Ако сте во врска некое време, ова е моментот кога треба да обликувате сè. Доколку, пак, неодамна сте биле во романса, имате можност да дојдете до сосема нови искуства преку силна емотивна интеракција со интересна личност.

Здравје: Болки во грлото.

Бик (21.4 – 21.5)

Работа: За вас ова е период на голема борба кој полека завршува. Ситуацијата може да ја свртите во ваша корист доколку во работата правите нешто креативно што бара имагинација и чувство за убавина. Сè друго може да биде изложено на компликации кои нема да се решат до понатамошно известување.

Љубов: Ја преоценувате ситуацијата и водите тешки разговори со саканата личност. Можно е да научите нови детали кои досега не сте ги виделе. Склони сте да преувеличувате сè, вклучително и проблемите. Внимавајте на сопствените очекувања, нереалните надежи водат до разочарување. Пазете се од лаги.

Здравје: Можни се проблеми со несоница.

Близнаци (22.5 – 21.6)

Работа: Ова се денови кога имате можност да си дадете одмор, да избегате од работа и да поминете часови во друштво на пријатели кои не ве оптоваруваат со ништо. Работата нема да бега, а вие ќе се вратите освежени. Дополнително, потрудете се деновиве да подмирите некои стари финансиски обврски и да ставите крај.

Љубов: Дојдовте до точка кога треба да направите биланс на вашиот љубовен живот. Саканата личност покажува мали сигнали дека нешто важно се менува во него. Тие мали промени се знак за работите кои доаѓаат. Како и да се позиционирате, вие сте на прагот на период во кој ќе се промени вашиот партнерски статус.

Здравје: Болка во синусите.

Рак (22.6 – 22.7)

Работа: Овој месец ќе ги консолидирате сите ваши деловни позиции. Притисокот на кој сте изложени ве инспирира и охрабрува да се откажете од сопствените проценки и да го уредите вашиот живот на креативен начин. Иако долго чекавте коцките да се наредат вака, останете присебни и трпеливи уште некое време.

Љубов: Вашето напнато расположение се рефлектира во односот со саканата личност. Сакате да се чувствувате безбедно, но не можете. Наскоро ќе има забележително поместување во љубовните врски, но сепак ќе се чувствувате нецелосни. Ако знаевте што сакате, проблемот ќе беше решен. Свесни сте дека сте во одредена фаза, но не сте сигурни дали добро ја разбирате.

Здравје: Проблеми со стомакот.

Лав (23.7 – 22.8)

Работа: Повикани сте да ги решавате проблемите и конфузијата во животот на некој кој зависи од вас и со кој сте поврзани и деловнички. Луѓето се потпираат на вашата практичност и оперативност, но и на интуитивниот дел од вашата личност што понекогаш се чини дека знае што е најпаметно да се направи во секој момент.

Љубов: Полето на партнерските односи е оптоварено и некако збунето. Поминувате време во залудни разговори каде и објаснувате нешто на вашата сакана, а таа не ве слуша. Дозволете ѝ на другата страна да остане на нивните ставови и дајте и време сами да се уверат колку високи се нивните очекувања.

Здравје: Чувајте се од вируси.

Девица (23.8 – 22,9)

Работа: Размислувате за позитивниот исход на се и се браните со оптимизам од темните стравови кои, одвреме-навреме, ве обземаат. Додека стагнирате во вашиот бизнис, време е да се соберете и да создадете нова финансиска структура која ќе ви заштеди време. Без разлика дали станува збор за заем или кредит, сепак овие денови на некој начин се справувате со минатото.

Љубов: Вашата емотивна врска може сериозно да се разниша доколку не се грижите за она што го кажувате. На вас останува да чувате тајна што, според вас, не е нешто што треба да се чува. Меѓутоа, ако другата страна инсистира да останете дискретни, ваше е да го прифатите тоа и да не судите дали е правилно или погрешно. Овој месец е обележан со потенцијална љубовна криза која може да настане доколку сте невнимателни.

Здравје: Можни се аритмии.

Вага (23.9 – 22.10)

Работа: Иако е добро време за идеи, ова е време кога сте опкружени со луѓе кои не ги исполнуваат своите ветувања. За да избегнете компликации, треба да се вооружите со трпеливост. Духовните и интелектуалните дисциплини ви се во преден план, тоа е она што ве лекува. Користете ја вашата интуиција за да забележите чии идеи се претерани и неискрени и инсистирајте на конкретни аргументи и факти во секој дијалог.

Љубов: Ова е време на тешки емоционални предизвици и потреба да го стабилизирате вашиот љубовен живот. Како што ќе напредува месецот, така и вашата љубовна ситуација ќе се стабилизира. Доколку сте желни да излезете и да ги посетите културните настани, ова е вистинско време кога лесно ќе ја убедите вашата сакана на каква било акција од ваков вид.

Здравје: Проверете го крвниот притисок.

Шкорпија (23.10 – 22.11)

Работа: Во одлична форма сте, па имате шанса лесно да ги постигнете целите. Почнувате планови за промена на вашиот животен стил, можно е тоа да е нешто што претходно сте го планирале, но не сте успеале да го спроведете. Околностите, во одреден момент, ќе се променат, ќе откриете нови начини да ги постигнете своите цели.

Љубов: Ве мачи недовербата, а тоа не е затоа што вашата сакана ве лаже или крие нешто, туку се работи за вашите нереални очекувања од кои не можете да се ослободите. За да избегнете евентуални непријатности, потребно е во овој период да ги сведете очекувањата на минимум и пред да ги побарате причините за вашето незадоволство кај партнерот.

Здравје: Проблеми со кожата.

Стрелец (23.11 – 21.12)

Работа: Идеално време е да го организирате вашиот секојдневен деловен живот на подобар начин. Иако е добро време за интелектуална работа, како комуникација или некој вид маркетинг, вашето внимание се троши поради несигурни соработници или нецелосни информации. Без разлика, бидете уверени дека вашите напори не се залудни, иако ќе чекате малку подолго за резултатите отколку што моментално ги проценувате.

Љубов: Неуспешно се обидувате да ги одредите условите под кои вашиот љубовен живот понатаму ќе се развива. Пред вас е нова животна фаза, барем кога се во прашање емотивните врски. Некој близок може да покаже потреба за слобода или да иницира промени во начинот на кој функционира вашата врска.

Здравје: Пазете се од повреди.

Јарец (22.12 – 20.1)

Работа: Сè за вас сè уште се сведува на чекање. Информациите што ги добивате може да бидат лажни, а луѓето кои ви ветуваат нешто неверодостојно и неодговорно. Најдобро е да го искористите овој пат за да ја консолидирате вашата моментална позиција, особено ако тоа ги вклучува вашите финансии. Не заборавајте дека само вие најдобро знаете што ви треба.

Љубов: Љубовните врски, некако, ви се во втор план, фокусирани сте на општеството. Ваквиот начин на функционирање во љубовната врска долгорочно се заканува да прерасне во обично пријателство кое на крајот завршува со раскинување. За да добиете љубов и пријателство во исто време, неопходни се блиски средби и искрени разговори.

Здравје: Проблеми со очите.

Водолија (21.1 – 19.2)

Работа: Блокирани сте затоа што очекувате реализација на нешто што знаете дека е сигурно, но никогаш нема да се случи. Доколку вашиот бизнис на кој било начин е поврзан со недвижности, ова е период на нивно купување и продавање, прилив на пари и инвестиции. Бидете внимателни, еден погрешен потег може значително да ве наруши на долг рок. Пред да потпишете било што, повторно проверете ги сите детали за да избегнете превиди и грешки кои подоцна би било тешко да се поправат.

Љубов: Ќе воспоставите контакт со личност која доаѓа од далеку. За оние кои веќе се во љубовна врска, ова е вистинско време за заедничко патување или некој друг вид на активност што ги проширува претходните ограничувања. Внимавајте кому му се доверувате и чии тајни ги чувате, за сомнителните намери на една личност да не ве доведат во неволја.

Здравје: Посетете стоматолог.

Риби (20.2 – 20.3)

Работа: Во овој период може да ве следи неповолен тренд. Позитивното размислување може да ви ги олесни работите, особено ако сте креативни во работата. Сепак, како што одминува времето, комуникацијата ќе се подобрува бидејќи, без разлика што се случило, ќе го најдете идеалното решение за се.

Љубов: Во овој период мора да се поправат сите лажни надежи или претерани очекувања. Во основа, долговите што ве оптоваруваат ве туркаат да се свртите кон вашите вистински вредности, семејниот живот и односот со саканата личност. Покажете благодарност, но не ја кажувајте отворено бидејќи нема да бидете сфатени на вистински начин.

Здравје: Грижете се за вашите стапала.

Поврзани содржини