СЕДМО ПА ЖЕНСКО После 6 машки, брачна двојка се радува на веста дека седмото дете е девојче
Мислела дека нема ни 1 процент шанса да роди девојче, па останала шокирана кога дознала дека сепак ќе добие ќерка.
Кога дознала дека е бремена минатата година, Сара Молитор претпоставила дека ќе стане мајка на уште едно момче. Таа и нејзиниот сопруг Тим имаат синови на возраст од 10, 8, 7, 5 и 3 години и најмладиот кој има само 17 месеци.
„Знаев дека ова е нашето последно дете, бев воодушевена и прифатив дека ќе бидам мајка на седум момчиња“, изјавила Молитор за Good Morning America.
Повеќе за ова, како и видеото од откривањето на полот можете да ги видите на порталот „Мајка и дете“.