ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА СИНОТ И СНААТА СО КАРАБИН На крајот го извлекол подебелиот крај
Таткото испукал еден куршум во воздух, а потоа се обидел физички да го нападне својот син.
На новогодишната ноќ околу полноќ во Полициската станица Велес било пријавено дека во викенд-куќа на местото „Бабуна“, велешко, по претходна расправија, Р.Н.(65) со ловечки карабин „Црвена Застава M – 70“, им се заканил на неговиот син Б.Н.(29) и на неговата снаа А.Н.Н.(25). Таткото испукал еден куршум во воздух, а потоа се обидел физички да го нападне својот син, но тој му ја одзел пушката и физички го нападнал.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.