ПАДОБРАНСКА ЕДИНИЦА СТОИ ЗАД МАСАКРОТ ВО БУЧА? Њујорк Тајмс ја заврши истрагата, сметаат дека го нашле виновникот

Од Тајмс заклучиле дека најголемиот дел од убиствата се случиле на улицата Јаблунска. Доказите за вмешаноста на 234-от баталјон вклучуваат воена опрема, ознаки на униформите, радио комуникација и натписи на сандаци за муниција. Баталјонот го предводел потполковникот Артјом Городилов.

2,818

Рускиот 234-ти полк, високообучена падобранска единица стои зад масакрот во Буча кој уште е под меѓународна истрага, пишува и тврди Њујорк Тајмс. Познатиот весник направил своја истрага која траела осум месеци интервјуирајќи жители, собирајќи огромни количества снимки од безбедносни камери и ексклузивни записи од владини извори.

Од Тајмс заклучиле дека најголемиот дел од убиствата се случиле на улицата Јаблунска. Доказите за вмешаноста на 234-от баталјон вклучуваат воена опрема, ознаки на униформите, радио комуникација и натписи на сандаци за муниција. Баталјонот го предводел потполковникот Артјом Городилов.

 






Воздухопловните единици како 234-тата падобранска единица се сметаат за едни од најдобро обучените и опремените во руската војска. Убиствата, покажала истрагата, биле дел од намерниот и систематски обид да се обезбеди пат до главниот град Киев, на сите начини, без разлика колку е безмилосно.

 

Иако различни воени единици беа присутни во Буча, а бројот на загинати низ градот достигна над 400, Тајмс го идентификуваше 234-от полк, падобранска единица со седиште во западниот руски град Псков, како главен виновник за убиствата на улицата Јаблунска.

Во Њујорк, истражителите на Тајмс ги анализираа материјалите и ги реконструираа убиствата на оваа улица. Некои од доказите кои го инкриминираат 234-от полк вклучуваат телефонски записи и декодирани знаци за повици што ги користат командантите на руските радио канали.

Поврзани содржини