СВЕТИ НИКОЛА ОДГОВОРИЛ НА ПИСМАТА НА 27 ИЛЈАДИ ДЕЦА Најмногу пишувале децата од Украина

Според традицијата, на 6 декември децата бараат подароци од Свети Никола, заштитникот на децата и морнарите. Повеќето од децата годинава побарале мир и снежен Божиќ, но и добро здравје за семејството, пријателите и сите луѓе. Добиени се писма и од студенти кои побарале „успешно полагање на претстојните испити“.

45

Децата во Германија, Австрија и Швајцарија традиционално испраќаат список со своите желби на Свети Никола. Детските писма пристигнуваат на шест места во Германија, каде што се составуваат одговорите. ДПА јавува дека годинава биле одговорени 27.000 писма пристигнати од целиот свет

„Бројот на примени писма е нешто поголем од минатата година. Многу писма испратија украинските деца, кои добија одговори на нивниот јазик”, рекол Петер Гереке, претседател на одборот за празникот Свети Никола.






Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини