Почна украсувањето во Скопје, традиционално, со плоштадот. Ќе има дополнителни содржини за најмалите, ќе има новогодишен базар кој ќе биде поставен во центарот на градот, како и мини забавен парк, истакна вечерва градоначалниката на Град Скопје Данела Арсовска во гостување на Канал 5.
Додека таа на телевизија тврдеше дека во ек е новогодишното украсување на метрополата, градот изгледа вака:
Градоначалничката вети новогодишна програма во градот, но не во онаа мера како што било минатите години, потенцирајќи дека е економска и енергетска криза и Градот сериозно внимава на ресурсите кои ги троши.
Арсовска најави и пречек на Новата година на плоштадот која ќе биде „зачинета“ со настап на пејачи, но не сакаше да открие за кого станува збор.
За долго ветуваната специјална прес-конференција за новогодишното китење и за програмата за најлудата ноќ, таа во вечерашното гостување во „Само интервју“ не спомна ништо.