ЧОВЕКОТ KOJ ГИ НАРЕДИ КАСЕТНИТЕ БОМБИ ВРЗ ХАРКОВ Само тој имаше овластување, муницијата ја „распрска“ и во Сирија
Журављов (57) бил назначен за советски офицер во 1980-тите кога служеше во поранешна Чехословачка со група руски сили. По распадот на СССР, тој се вратил во Русија, првично служејќи со тенковските единици. Неговата кариера трае 40 години.
Генералот Александар Журављов е единствениот во руската војска кој имал овластување да нареди 11 касетни Смерч бомби да бидат фрлени врз украинскиот град Харков, во првите неколку дена од војната, а тој е истиот човек кој ги изврши бруталните гранатирања врз градот Алепо во Сирија со таква муниција, открива Си-Ен-Ен во свое истражување. Од медиумот разговарале со цивили, воени лица и доктори кои ги прегледувале болните од раните од таквата бомба која распрскува јато шрапнели.
– Тоа не е како во филмовите каде што го гледате проектилот пред да погоди бомбата. Наеднаш ќе имате 72 подмуниции кои ќе детонираат низ фудбалски терен. Затоа луѓето буквално се отсечени на средина од овие работи. Немате многу изгореници. Немате повреди од експлозија. Тоа е само гадна, крвава фрагментација – вели Марк Хизнај, експерт за оружје за Си-Ен-Ен.
Всушност, во војната во Украина досега имало дваесетина напади со касетна муниција, според Обединетите Нации. А Журављов стои зад нивното одобрување иако тие се забранети со меѓународна конвенција.
Журављов (57) бил назначен за советски офицер во 1980-тите кога служеше во поранешна Чехословачка со група руски сили. По распадот на СССР, тој се вратил во Русија, првично служејќи со тенковските единици. Неговата кариера трае 40 години.
Бил распореден во Сирија три пати, а првпат стана командант на руските трупи во земјата за време на неговиот втор ангажман во јули 2016 година. Неговите задолжувања се еднакви на командант за театар во американнската војскаа.
Раководството на Журављов го забрза нападот на источен Алепо во Сирија. Откако тој ги презеде уздите, руската војска брзо ги засили своите напади на територијата под контрола на бунтовниците и ја заврши опсадата на густо населениот град, извлекувајќи голем биланс на загинати и ставајќи ги тркалата во движење за тактика што ја дефинираше руската интервенција во Сирија: опсадете, гладувајте, бомбардирате и мелете до потчинување.
Неговиот период на команда, исто така, забележа драматичен пораст на документираните напади со касетна муниција во Алепо.
Според Центарот за документација за прекршувања, кој ги документира прекршувањата на човековите права во Сирија, касетната муниција била употребена 137 пати во Алепо помеѓу 10 септември и 10 октомври 2016 година, што е зголемување за 791 отсто (осум пати) во однос на просечниот број на напади со касетна муниција во претходните осум месеци.
Во 2015 година, руското Министерство за одбрана негираше дека користела касетна муниција во Сирија.
The missile cemetery in #Kharkiv: a view from a drone ..#Ukrainian investigators have collected thousands of pieces of rockets, cluster bombs and projectiles that were used by anti-aircraft guns to fire at Kharkiv in order to provide evidence of Moscow’s war crimes in #Ukraine. pic.twitter.com/1psyVB0sIl
— Feher_Junior (@Feher_Junior) December 1, 2022
Во Харков, Си-Ен-Ен разговараше со десетици очевидци во неколку населби цел на 11 ракетни напади Смерч што се случија на 27 и 28 февруари. Харков бил нападнат од 79-та ракетна артилериска бригада, со седиште во руската област Белгород, од другата страна на границата. Си-Ен-Ен успеале да потврдат дека ракетите дошле од таму.
– Не знам што точно беше ова, но беше низ целата област. Овие мали делови што експлодираат и шират опасни шрапнели насекаде – рече Јуриј Браико, аналитичар на ИТ програми кој живее во Харков.
– Тие создаваат многу ситни шрапнели кои навлегуваат во различни места, во прозорците и во луѓето.
Ударот предизвикал несогледливи грозоморни последици, пишува Си-Ен-Ен. Смртта и уништувањето владееле над овој град, а улиците биле покриени со ранети, запалени автомобили и скршени стакла. Очевидец изјави дека десетина луѓе биле повредени само во неговата станбена зграда во еден ракетен напад на Смерч.
🛑SON DAKİKA
Ukrayna Harkov şehrinde görüntülenen bu bombanın türü “Cluster bomb” olarak geçiyor.
Bu parçacıklı bombaları bizler “Misket Bombası” olarak tanıyoruz ve bu tarz bombaların kullanımı ‘savaş suçu’ sayılıyor. pic.twitter.com/gKMyATURl3— SSY War Report (@SSYWarReport) February 26, 2022
Сириско-американскиот хирург д-р Самер Атар лекувал во Алепо, за да се врати во Чикаго, а сега е во Украина каде ги гледа истите рани кај луѓето. Тоа е уште една потврда дека се работи за касетната бомба.
Маргарита Кирјухина за Си-Ен-Ен вели дека тоа утро одеднаш слушнала звук на свирче над главата. Откако видела нешто со аголот на окото, викала сите да се симнат. Набрзо нејзиното тело било покриено со локва крв, а во воздухот се слушале врисоци.
Шрапнелите ја пресекле ногата, раката и челото на Кирјухина. Еден човек во близина изгубил два прста.