ГО СЛАВЕЛ ИСПАЃАЊЕТО НА ИРАН, ПОЛИЦИЈАТА МУ ПУКАЛА ВО ГЛАВА!? Демонстрант убиен затоа што „погрешно“ се радувал

На видеа од повеќе места низ Иран, објавени на социјалните мрежи, можеа да се видат толпи луѓе кои ја слават елиминацијата на репрезентацијата на Иран од Светското првенство.

693

Иранските безбедносни сили застрелаа демонстрант кој ја прославуваше елиминација на иранската репрезентација од Светското првенство во Катар, јави Би-би-си.

Иран синоќа загуби од САД со 0-1 во последниот натпревар од групната фаза на турнирот. Реми беше доволно за тимот да оди во осминафиналето.






Активисти изјавија дека Мехран Самак бил застрелан во главата додека свирел со својот автомобил вчеравечер во северниот ирански град Бандар Азали, на Каспиското Море.

На видеа и од други места низ Иран, објавени на социјалните мрежи, можеа да се видат толпи луѓе кои ја слават елиминацијата на репрезентацијата од Светското првенство. Луѓето, очигледно антивладините демонстранти, се радуваат и играат.

Многу Иранци не ја поддржаа иранската репрезентација на Светското првенство, тврдејќи дека таа ја претставува Исламската Република, а не Иран, забележа Би-би-си.

Поврзани содржини