„ЗАВИДЛИЗМОТ“ Е ЗАРАЗЕН Зошто Ковачевски не сака да каже кои општини добиле европска награда за добро управување?

Пратеникот Антонио Милошоски поставил такво прашање до премиерот Димитар Ковачевски, но добил зачудувачки кус одговор.

686

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ поставил прашање до премиерот Димитар Ковачевски со следната содржина:

„Моето прашање до вас е дали сте информирани кои македонски општини оваа година од Советот на Европа, АЛДА (European Associaton for Local Democracy) и ЦДДГ (Centre for Expertise for Local Government Reform), ја имаат добиено престижната награда Европска ознака за извонредност во управувањето?






Премиерот на прашањето одговорил кусо: „Да“.

Во одговорот, Ковачевски не ги навел имињата на наградените општини.

– Она кога поради „завидлизам“ на премиерот му е незгодно да ги наведе општините кои добиле европско признание за добро управување, бидејќи од 9 општини, во 8 се опозиционери: Битола, Виница, Радовиш, Аеродром, Неготино, Новаци и Штип (ВМРО), Берово (СДСМ) и Куманово (независен) – коментира Милошоски на Фејсбук.

Поврзани содржини