РАКАТА МУ СЕ ТРЕСЕШЕ, СТЕФАН РЕЧЕ „АЈДЕ ТАТО“ Ѓоковиќ го собори Медведев со 2:1 и се пласираше во полуфиналето (ВИДЕО)

Ајде тато!, се слушна наеднаш извикот на наследникот на најдобриот тенисер на сите времиња, малиот Стефан Ѓоковиќ кој му даде дополнителен мотив на Новак да издржи.

1,055

Тешка победа извојува Новак Ѓоковиќ попладнево. Тој успеа да го совлада Данило Медведев (2:1) во третото коло од групната фаза на последниот турнир во сезоната. Српскиот тениски ас со максимален учинок се пласираше во полуфиналето, пишува Мондо.

 






 Во еден момент камерите го фатија Новак Ѓоковиќ и неговата десна рака која се тресе додека тој седи на клупата и ја брише потта меѓу натпреварите.

 Ајде тато! се слушна наеднаш извикот на наследникот на најдобриот тенисер на сите времиња, малиот Стефан Ѓоковиќ кој му даде дополнителен мотив на Новак да издржи.

 За потсетување, Новак Ѓоковиќ во сабота ќе го игра полуфиналето на последниот турнир во сезоната против Тејлор Фриц.

Поврзани содржини