„ЌЕ РАБОТАМ СО СЕКОЈ“ Бајден им ја честиташе победата на републиканците и најави соработка
Му честитам на лидерот на (малцинството во домот) Кевин Мекарти што републиканците го освоија мнозинството во Претставничкиот дом и подготвен сум да работам со републиканците во Претставничкиот дом за да постигнеме резултати, рече претседателот на САД.
Американскиот претседател Џо Бајден им честиташе на републиканците за освојувањето мнозинството во Претставничкиот дом на САД, велејќи дека е подготвен да работи со нив.
– Му честитам на лидерот на (малцинството во домот) Кевин Мекарти што републиканците го освоија мнозинството во Претставничкиот дом и подготвен сум да работам со републиканците во Претставничкиот дом за да постигнеме резултати – рече Бајден во изјавата објавена кусо откако американските медиуми ја прогласија трката за завршена.
– Ќе работам со секој – републиканец или демократ – кој е подготвен да работи со мене за да дадеме резултати за американскиот народ, додаде Бајден.