КАКО БЕШЕ ПОСТАВЕНА БОМБАТА ВО ИСТАНБУЛ Турските медиуми објавија снимка од движењето на Сиријката Албашир (ВИДЕО)
Видео реконструкцијата е очигледно направена од снимки на безбедносни камери, но и од снимки од мобилни телефони или други камери на кои се следи движењето на Сиријката Албашир.
Во видео реконструкција на движењето на Сиријката Ахлам Албашир која е осомничена дека ја поставила бомбата во центарот на Истанбул од која загинаа шест, а беа повредени неколку десетици лица, се гледа моментот кога е оставен експлозивот.
Турските медиуми објавија видео реконструкција на движењето на Албашир од еден од истанбулските плоштади до прометната пешачка улица, како го остава ранецот со експлозивот и потоа трчајќи бега од местото каде што ќе одекне експлозијата неколку минути подоцна.
Видео реконструкцијата е очигледно направена од снимки на безбедносни камери, но и од снимки од мобилни телефони или други камери на кои се следи движењето на Сиријката Албашир.
#Turkish media showed the moment when a terrorist planted a bomb in #Istanbul. pic.twitter.com/X6eFUQE51w
— NEXTA (@nexta_tv) November 16, 2022