ПРОБЛЕМИ СО СРЦЕТО? Лавров е итно хоспитализиран на Бали

Тројца индонезиски владини и медицински претставници изјавиле дека рускиот дипломат е хоспитализиран, но одбиле да бидат идентификувани бидејќи не се овластени јавно да зборуваат за тоа прашање.

191

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров беше пренесен во болница по слетувањето на Бали каде што требаше да присуствува на самитот на Г20.

Тројца индонезиски владини и медицински претставници изјавиле дека рускиот дипломат е хоспитализиран, но одбиле да бидат идентификувани бидејќи не се овластени јавно да зборуваат за тоа прашање.






Двајца од нив рекле дека Лавров имал проблеми со срцето.

Официјални претставници на локалната руска Амбасада досега не биле достапни за контакт.

Поврзани содржини