РАЗЛИКАТА Е ШТО КИНА НЕМА ДА БИДЕ „СВЕТСКИ ПОЛИЦАЕЦ“ Кинеското МНР вели дека земјата нема да бара доминација врз другите

Без разлика во која фаза на развој ќе стигнеме, никогаш нема да бараме хегемонија или пак ќе се вклучиме во експанзионизам, рече Жао Лиџијан, повикувајќи го Вашингтон „да го следи трендот на мир и развој, да го напушти менталитетот на Студената војна со нулта сума, да престане да го гледа денешниот свет и односите меѓу Кина и САД од конфронтирачка перспектива и да престане да ги искривува стратешките намери на Кина“.

398

Кина нема да бара хегемонија над другите нации како што тоа го прават САД во својата Национална одбранбена стратегија(НДС) која е водена од „логиката на доминација“, вели портпаролот на кинеското МНР Жао Лиџијан. Тој реагираше откако САД ја прогласија Кина за „последен и системски предизвик“ за нивната држава, пишува РТ.

Жао рече дека американскиот документ „ја нагласува конкуренцијата меѓу големите земји и намерно погрешно ја претставува кинеската надворешна и одбранбена политика“.






– Документот се води според менталитетот на Студената војна со нулта сума и логиката на доминација и хегемонизам и кажува сè за лошите намери на САД да ја држат и потиснат Кина под разни лажни изговори – изјави портпаролот, додавајќи дека неговата земја ќе отфрли ги сите „обиди за уцена, задржување, блокада и максимален притисок“.

Додека новата Национална одбранбена стратефија на САД тврди дека Кина ја искористила својата растечка воена и економска моќ за да ги поткопа сојузите на САД низ Азија, Жао инсистираше на тоа дека надворешната политика на Пекинг е насочена кон „поддржување на светскиот мир и промовирање заеднички развој“ меѓу нациите.

– Без разлика во која фаза на развој ќе стигнеме, никогаш нема да бараме хегемонија или пак ќе се вклучиме во експанзионизам – рече тој, повикувајќи го Вашингтон „да го следи трендот на мир и развој, да го напушти менталитетот на Студената војна со нулта сума, да престане да го гледа денешниот свет и односите меѓу Кина и САД од конфронтирачка перспектива и да престане да ги искривува стратешките намери на Кина“.

Тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг значително се зголемија од август, кога претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси го посети Тајван и покрај гласните приговори од Пекинг, кој го гледа островот како дел од сопствената територија.

Иако патувањето поттикна големи кинески воени вежби во воздухот и водите околу Тајван, западните делегации сепак продолжија да го посетуваат Тајпеј во месеците потоа.

Поврзани содржини