АВТОБУСИТЕ ВЕЧЕРВА СЕ ПАРКИРАНИ ПО НАЛОГ НА АРСОВСКА Стојановски вели дека тоа е за да се изврши притисок врз Владата
Тоа е еден вид притисок врз Владата за што побрзо да го реши тој нивен клинч околу долговите што Владата ги има кон ЈСП за блок дотациите за превозот на средношколците и студентите во градот Скопје, рече Стојановски.
Претседателот на синдикатот на ЈСП, Миќо Стојановски во гостување на ТВ24 изјави дека вечерва пред Владата има 15-тина дабл декери, двокатни автобуси и дека тие се таму по налог на градоначалничката Данела Арсовска.
– Тоа е еден вид притисок врз Владата за што побрзо да го реши тој нивен клинч околу долговите што Владата ги има кон ЈСП за блок дотациите за превозот на средношколците и студентите во градот Скопје – рече Стојановски.
– Се надевам дека нема да се повтори ситуацијата од сабајле и се надеваме на трајно решение за она што ги мачи вработените во ЈСП, а тоа е нередовната исплата на платите. Ние сме компанија која ги извршува обврските кон граѓаните и добро е што најдовме излезно решение и ова немаше да се случи. Вчера на седницата на Град Скопје од спикерот на градското собрание, не добив право на збор и затоа излеговме на прес пред новинарите. Беше прекината седницата и не ни дозволија да го кажеме тоа што не мачи. Ова што се договори денеска, можеше да се договори и вчера на седницата. Факт е дека платите доцнеле и повеќе од пет дена кога немаше инфлаторни движења. Сакавме да се осигураме како вработени дека барем овие три месеци од 2022 година ќе ги поминеме со целосни плати – додаде тој.
Стојановски потврди дека возачите се вратиле на своите работни места после одлуката на Советот на град Скопје и дека договорено е како понатаму ќе тече финансиската инјекција кон ЈСП Скопје.
Претходно, заменик-градоначалникот на град Скопје, Александар Трајановски најави дека автобусите ќе останат на Илинденска бб сѐ до исполнување на нивното барање.