РУСИТЕ ГО ЕВАКУИРААТ ХЕРСОН, СЕ ЧЕКА УКРАИНСКИОТ НАПАД Натовските офицери во Киев бараат офанзива, без разлика на жртвите
Според новиот командант на руските сили генералите во Украина од редовите на НАТО бараат од Киев да продолжи со силната офанзива без разлика на бројот на жртви.
Руската армија се подготвува за евакуација на населението во Херсон. Руските медиуми објавија интервју со сегашниот командант Суровкин, во кое тој тврди дека Украина се подготвува да изврши ракетен напад врз браната, пишува Мондо.
– Имаме информации за плановите на Киев да користи забрането оружје во Херсон. Животите на цивилите и војската се приоритет. Што се однесува до Херсон, не ја исклучуваме можноста за донесување тешки одлуки – рече командантот.
#BREAKING Russian army preparing to evacuate Kherson’s population, commander says pic.twitter.com/kZAfMkQB0k
— AFP News Agency (@AFP) October 18, 2022
Според новиот командант на руските сили генералите во Украина од редовите на НАТО бараат од Киев да продолжи со силната офанзива без разлика на бројот на жртви.
– Имаме информации дека Киев се подготвува за ракетен напад од големи размери врз хидроцентралата Каховска и масовен ракетно-артилериски, неселективен напад врз градот. Овие акции може да доведат до уништување на инфраструктурата на поширокиот индустриски центар и до големи жртви меѓу населението во градот – вели тој.
– Под овие услови наша главна задача е да го зачуваме животот и здравјето на граѓаните. Затоа руската армија ќе обезбеди сигурна и веќе е најавена евакуација на населението според програмата подготвена од руската влада. Нашите понатамошни планови и дејствија во однос на градот Херсон ќе зависат од тоа како ќе резултира воено-тактичката ситуација. Повторувам, денес е многу тешко – додаде Суровикин.