ЧИЕ Е МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ? Колемишевски прашува кој го избриша името на народот што го крена востанието на 11 октомври 1941 година

Колумнистот на „Нова Македонија“ се сомнева дека „атентатот врз придавката“ на востанието е извршен по склучувањето и стапувањето во сила на Охридскиот рамковен договор, по кој Македонците го изгубија приматот во земјата во која се мнозинство и кои мнозински учествуваа во Втората светска војна.

1,009

Веќе неколку години празникот 11 Октомври се одбележува под називот Денот на народното востание. Ја нема придавката со која се објаснува чие е тоа народно востание.

„Може да биде на Бугарите, на Србите, на Грците, на Власите, на кој било народ на планетата земја. И на Хутите и Тутсите и на кое било поголемо племе во џунглата, иако племето не е народ“, пишува Панде Колемишевски во својата колумна под наслов „Чие е македонското востание“, објавена во „Нова Македонија“ .






Колемишевски вели дека не нашол сили и начин да провери од кога при одбележувањето на тој славен ден во македонската историја им е избришано името на тој народ и на земјата, територијата на тој народ. „Не сум сигурен, а и не верувам дека тој анационален трик е изведен во времето на првото СДСМ. Не можам да тврдам дека е тоа направено во времето на ВМРО-ДПМНЕ на Љупчо Георгиевски или на Никола Груевски, доба кога нивната партија ја омаловажуваше и се обидуваше да ја фалсификува историската борба на македонскиот народ за своја слобода и своја држава во Втората светска војна“, пишува тој.

Може да се сомневам, но немам доказ дека е тоа од времето на одродениот СДСМ, од времето на Зоран Заев кога тој и партијата бесрамно, на тацна, ги предадоа во бугарски раце идеалите на генерации и придобивките на македонскиот народ, извојувани низ крв и борба.

Панде Колемишевски Колумнист во „Нова Македонија“

Колумнистот се сомнева дека „атентатот врз придавката“ е извршен по склучувањето и стапувањето во сила на Охридскиот рамковен договор, по кој Македонците го изгубија приматот во земјата во која се мнозинство и кои мнозински учествуваа во Втората светска војна.

„Оттогаш нема народи туку има граѓани. Но би било крајно глупаво востанието да се одбележува под име ‘на граѓанското востание’“, пишува Кoлемишевски.

 

Поврзани содржини