Жена на 68 години како пешак е тешко повредена денеска околу 14 часот во сообраќајна незгода случена на булеварот Маршал Тито во Тетово. Во неа удрило возило управувано од 36-годишник од тетовска Голема Речица.
– Денеска во 14:05 часот во СВР Тетово пријавено е дека на улица Маршал Тито во Тетово, патничко моторно возило „фиат пунто” со тетовски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот Б.Н. од Голема Речица, удрило во 68-годишната тетовка М.С. (пешак). Во несреќата. М.С. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
На местото на несреќата, по овластување на јавен обвинител, увид извршила екипа од СВР Тетово.