КРИМ ДА ОСТАНЕ РУСКИ, А УКРАИНА НЕУТРАЛНА Илон Маск го разбесни Зеленски со својот план за мир

Крим ѝ бил доделен на Украина во 1954 од страна на Никита Хрушчов, претседателот на СССР. Во СМС пораките Маск, наводно, ја нарекол оваа одлука на  Хрушчов, грешка.

1,247

Полуостровот Крим да остане под руска администрација, Украина да не аплицира во НАТО и да биде неутрална земја, а референдумите во четирите региони да се одржат уште една под надзор на Обединетите Нации, со тоа што Москва би се повлекла ако резултатите бидат различни од актуелните. Вака најбогатиот човек во светот, Илон Маск, го замислува брзиот мир во Украина, а со неговиот предлог го разбесне украинскиот претседател, но и многу поддржувачи на Украина на интернет.

 






„Ова е многу веројатно да биде исходот на крајот“, коментираше Маск на неговиот предлог, додавајќи дека „прашање е само колку луѓе ќе умрат пред тоа“.

На анкетата на Твитер која Маск ја направи речиси 60 отсто од луѓето гласаа „за“ за предлогот. Но, самиот Маск напиша дека украински ботови дошле и го промениле резултатот на анкетата.

Илон Маск на почетокот од војната го повика Владимир Путин на дуел. Тој тогаш обезбеди сателитски интернет за земјата. Но, според СМС пораките кои протекле од неговиот телефон се дознава дека тој повремено го чита рускиот портал РусијаДенес(РТ).

Крим ѝ бил доделен на Украина во 1954 од страна на Никита Хрушчов, претседателот на СССР. Во СМС пораките Маск, наводно, ја нарекол оваа одлука на  Хрушчов, грешка.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски не остана покусо на твитот на Маск. Тој веднаш на својот профил објави анкета во која ги праша следбениците „кој Елон Маск им се допаѓа „повеќе“ : оној „кој ја поддржува Украина“ или оној „кој ја поддржува Русија“.

 

До овој момент, нешто помалку од 85 отсто го избрале првиот Маск, „кој ја поддржува Украина“.

Бргу потоа се огласи Дмитриј Медведев, поранешниот руски претседател познат по острите изјави.

„Честитки! Се откри агентот во сенка. Заслужува нов ранг и тоа многу брзо. Неговиот следен твит веројатно ќе биде нешто за Украина како вештачки создадена земја. Чекаме…“, напиша Медведев на Твитер.

Реакција стигна и од легендарниот руски шахист, противникот на рускиот претседател Владимир Путин со хрватско обраќање, Гари Каспаров.

„Ова е морален идиотизам, повторување на пропагандата на Кремљ, предавство на украинската храброст и пожртвуваност“, напиша шахистот.

Маск одговори дека „и дал Starlink на Украина и изгубил 80 милиони долари во тој процес, и се ставил себеси и SpaceX на сериозен ризик од руски сајбер напад“, коментирајќи го неговиот сателитски систем кој ја олеснил комуникацијата за Киев и неговата компанија која нуди и развива патување во вселената.

„Што направи освен твитањето“, го праша милијардерот Каспаров.

Маск доби најсилен одговор од украинскиот амбасадор во Германија во заминување, Андриј Мелник.

„F*** е мојот многу дипломатски одговор до тебе, @elonmusk“, напиша Мелник, кој претходно беше критикуван за одбрана на контроверзниот украински националистички водач од Втората светска војна, Стјепан Бандера.

Преписката и препукувањето траат. Во обид да ја одбрани својата позиција, Маск подоцна објави дека „Русија целосно ќе се мобилизира“ да го брани Крим, што ќе резултира со уништување на двете страни.

„Русија има три пати повеќе население од Украина, така што победата на Украина е малку веројатна во тотална војна. Ако се грижите за украинскиот народ, застапувајте се за мир“, рече тој.

 

Поврзани содржини