ТАРАВАРИ ДОБИ НОВА ФУНКЦИЈА Првиот човек на Гостивар стана в.д. претседател на Алијанса

На денешното Централното собрание, покрај изборот на нов в.д. претседател на Алијансата за Албанците, се очекува да се расправа и за оставката на пратеничката Иљире Даути од функцијата координатор на пратеничката група на АА во Собранието.

256

Градоначалникот на Гостивар Арбан Таравари е избран за в.д. претседател на Алијанса за Албанците, објавија на фејсбук страницата од оваа политичка партија. Одлуката е донесена на денешното партиско Централно собрание.

По средбата новиот в.д. претседател Таравари даде изјава за медиумите.






– Денеска имавме второ собрание на Алијанса за Албанците, каде што се констатираше неотповикливата оставка на Зијадин Села. Повеќето членови на конгресот ми дадоа поддршка на Централното собрание. Донесовме долука на 17 декември оваа година да се одржи вонредниот конгрес на партијата – рече Таравари.

Тој се надева дека Алијанса за Албанците ќе продолжи да биде надеж за повеќето Албанци во државата, за да ги донесат промените во албанскиот блок.

На прашање дали ќе поднесе кандидатура за претседател на партијата, Таравари одговори дека се уште не донел дефинитивна одлука, а сега ќе биде само вршител на должноста. Тој посочи оти кандидатури можат да поднесат сите заинтересирани членови на партијата, две недели до одржување на вонредниот конгрес.

Инаку, пред почетокот на партиското Централното собрание, Зијадин Села изјави дека неговото повлекување од лидерската позиција во партијата не значи и повлекување од политиката.

Села посочи оти очекува од новиот партиски лидер да продолжи да ја гради Алијанса за Албанците, а партијата да излезе посплотена, посилна и поприсутна на терен.

Поврзани содржини