АВГАНИСТАНСКИ ТИНЕЈЏЕРКИ ВО ТАЈНОСТ ГО ЧИТААТ ДНЕВНИКОТ НА АНА ФРАНК Им пркосат на Талибанците и се соживуваат со својата врсничка
Кога пред 1 година Талибанците ја презеле власта во Авганистан, на девојчињата им е забрането да одат во средните училишта и наместо тоа, кажано им е да се покријат и да останат дома. Но, во таен литературен клуб во Кабул, десетина тинејџерки им пркосат на Талибанците и продолжуваат да учат, а во судбината на Ана Франк се препознаваат себеси
Една година откако Талибанците ја презедоа власта во Авганистан, образованието на девојчињата е ограничено. Ним им е забрането да одат во средните училишта и наместо тоа, кажано им е да се покријат и да останат дома. Но, во таен литературен клуб во Кабул, десетина тинејџерки им пркосат на Талибанците и продолжуваат да учат, а притоа се поврзале со девојка од друго време и друг дел од светот, која исто така била принудена да го живее својот живот во тајност.
„Имала надеж. Се борела. Учела. Ѝ се спротивставила на судбината“, вели Захра, која во август минатата година основала клуб на љубители на книги со уште двајца млади луѓе во подрумот на една зграда на периферијата на Кабул.
Тројцата делуваат како лидери, го насочуваат разговорот и поставуваат прашања.
Захра вели дека девојките го читаат и разговараат за Дневникот на Ана Франк, кој нивната врсничка почнала да го пишува на 13-годишна возраст. И тие биле изненадени затоа што Ана била само дете кога морала да се крие поради насилната и угнетувачка политика.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.