НА ПОЛНОЌ ПОЕВТИНИ ГОРИВА Еден денар помалку за секој литар бензин и дизел
Поевтинуваат и екстра лесното масло и мазутот.
За еден денар поевтинуваат горивата и Екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Новата цена на литар „еуросупер БС – 95“ од полноќ ќе се точи за 84,50 денари, а „еуросупер БД -98“ ќе чини 87 денари. Дизелот ќе има цеа од 97 денари. Екстра лесното масло ќе има цена 93,5 денари.
Се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, за 0,990 денари за килограм и ќе изнесува 51,473 денари за килограм.
Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,25 отсто во однос на одлуката од 5 септември годинава.