СЕКС ПИСТОЛС СЕ ПРЕМИСЛИЈА ЗА КРАЛИЦАТА Нека почива во мир, испратете ја како победничка

Во „Боже чувај ја кралицата“ Секс Пистол во 1977 година пееја дека Елизабета не е човечко суштество и дека води фашистички режим.

572

По повод смртта на кралицата Елизабета Втора, се огласија и членовите од популарната англиска панк-рок група Секс Пистолс.

„Почивај во мир, кралице Елизабета Втора. Испратете ја како победничка“, напиша Џон Лидон, фронтменот на групата на „Твитер“.

 






Групата стана позната по хитот од 1977 година, „Боже чувај ја кралицата“, односно „God Save The Queen“ и таа беше една од најконтроверзните песни кои беа напишани воопшто за кралицата.

Во песната се тврди дека таа не е човечко суштество и се зборува за фашистички режим.

Поврзани содржини