ГРЦИЈА МОЖЕ ДА ЗДИВНЕ Намален е бројот на починати и заразени со ковид-19

Бројот на заразени во периодот од 29 август до 4 септември 2022 година е за 22 отсто помал во споредба со една седмица претходно, а пад има и во смртните случаи, односно намалување за 19 проценти.

125

Во изминатата седмица во Грција биле потврдени 40.100 случаи на ковид-19, од кои 23 проценти се реинфекции, а починале 180 лица, согласно седмичниот извештај на Националната организација за јавно здравје за ситуацијата со пандемијата во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Бројот на заразени во периодот од 29 август до 4 септември 2022 година е за 22 отсто помал во споредба со една седмица претходно, а пад има и во смртните случаи, односно намалување за 19 проценти.






Во конкретниот период биле направени 574.366 тестови, со стапка на позитивност 6,98 отсто.

Од почетокот на пандемијата во Грција се потврдени 4.804.982 случаи на Ковид-19, а починаа 32.757 лица.

Поврзани содржини