AЧКОСКИ Е РАЗРЕШЕН, НЕ СУМ ДОЗВОЛИЛ РАБОТА ОД ДАЛЕЧИНА Директорот на Комуналец-Прилеп реагираше на обвинувањата
Не се точни тврдењата дека јас како директор на ,,Комуналец’’ , сум дозволил работа од далечина, односно веднаш од кога дознавме за моменталното работење и функционирање на Терминалот, го повикав претсдателот на Управниот одбор да свика седница, со точка на дневен ред: Разрешување на управителот на Терминал- Комуналец ДООЕЛ Прилеп, вели Абрашоски.
Директорот на Комуналец – Прилеп, Рубинчо Абрашоски реагираше на обвинувањата на СДСМ во врска со управителот на Терминал ДООЕЛ, Мартин Ачкоски. Според Абрашоски, неточни се тврдењата дека тој дозволил Ачкоски да работи од далечина како келнер во Хрватска.
– Денеска се искажани невистини по однос на моето работење, односно толерирање кон управителот на Терминал ДООЕЛ , Мартин Ачкоски. Истиот е разрешен од управител на 31.08. 2022 година, на седница на Управниот oдбор. Не се точни тврдењата дека јас како директор на ,,Комуналец’’ , сум дозволил работа од далечина, односно веднаш од кога дознавме за моменталното работење и функционирање на Терминалот, го повикав претсдателот на Управниот одбор да свика седница, со точка на дневен ред: Разрешување на управителот на Терминал- Комуналец ДООЕЛ Прилеп – вели Абрашоски.
Тој додава дека како дитектор на ,,Комуналец’’, нема ингеренции да се меша во финасиско – техничката работа на доелот, но има обврска како прв човек на ,, Комуналец’’, да го заштити имотот на претпријатието.
Абашоски истакна и дека на седницата на која била поставена точката на дневен ред за разрешување на управителот Мартин Ачковски, членот на Управниот одбор близок до СДСМ, гласал воздржано, а сега како што додава партијата го обвинува него и градоначалникот Јовчески за неодговорност.
СДСМ Прилеп: Управителот на „Терминал – Комуналец“ заминал во Хрватска да работи како келнер, вработените 3 месеци без плата via @publikum_mk https://t.co/HTe8UP0TTO
— FullPersona (@darkhour_seeker) September 2, 2022
Претходно, СДСМ обвини дека Ачкоски заминал во Хрватска да работи како келнер, а вработените во претпријатието три месеци останале без плата, обвинија денеска од СДСМ Прилеп од каде додаваат дека сметката на претпријатието останала блокирана поради неплатен ДДВ.
Од партијата додаваат дека во пишан документ кој анонимно бил доставен до СДСМ Прилеп, Ачкоски нагласил дека факсимилот можат да го користат единствено и само со негова претходна согласност дадена преку социјални мрежи, СМС, вибер, ватс-ап, месинџер или мејл.