БУГАРСКИТЕ НЕГИРАЊА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК СЕ БЕСМИСЛЕНИ Одржана 55 јубилејна летна школа од Меѓународниот семинар за македонистика
Тврдењата на Бугарија ги оценувам како многу подли. Како може некој друг од страна да дојде и да каже дека луѓето тука зборуваат некој друг јазик. Македонците ако велат дека зборуваат македонски, што има Бугарите да кажуваат дека тоа не е македонски. Јас апсолутно ги поддржувам Македонците. Го познавам и бугарскиот јазик и можам да тврдам лично дека тоа апсолутно не е ист јазик. Се разликува многу и граматички и лексички, не знам од каде воопшто идеја дека тоа би можело да биде ист јазик. Апсолутно тврдењата на Бугарија се базирани само на политика, истакна професорката Соња Доужан од Словенија.
Бугарските негирање на македонскиот јазик се бесмислени, сметаат голем број од учесниците на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура(МСМЈЛК) во организација на Универзитот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје. Ова е најголемиот настан кој ги поврзува македонистите низ светот, а според директорката Весна Мојсова-Чепишевска тоа што македонскиот се изчучва на 10 универзитети и уште толку лекторати низ светот покажува дека има зголемен интерес за македонистиката.
– Јас сум македонист, јас знам од каде произлегол мојот јазик и знам дека тој се зборувал векови наназад и дека имал своја литература и одредена култура којашто се развивала и во 19 век – подвлече Мојсова-Чепишевска.
Револт кон бугарските тврдења искажа и професорката по хрватски, српски и македонски јазик и литература и учителка по словенечки за македонската дијаспора Соња Доужан од Словенија.
– Тврдењата на Бугарија ги оценувам како многу подли. Како може некој друг од страна да дојде и да каже дека луѓето тука зборуваат некој друг јазик. Македонците ако велат дека зборуваат македонски, што има Бугарите да кажуваат дека тоа не е македонски. Јас апсолутно ги поддржувам Македонците. Го познавам и бугарскиот јазик и можам да тврдам лично дека тоа апсолутно не е ист јазик. Се разликува многу и граматички и лексички, не знам од каде воопшто идеја дека тоа би можело да биде ист јазик. Апсолутно тврдењата на Бугарија се базирани само на политика – истакна Доужан.
Над 300 студенти, постдипломци и докторанди по македонистика во 20 центри во светот ги изучуваат македонскиот јазик и култура. Годинава тие имаат избор од три учебници, „Тешкото” за почетно, „Лозје” за средно рамниште и „Везилка” за напредно образование.
Ана Марија Цинега-Панзова, преведувач од унгарски на македонски и обратно вели дека преку преводите помага во пренесување на културните вредности. Минатата година, во чест на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, превела збирка текстови за поголема афирмација на македонскиот јазик.
– Блаже Конески во тие статии многу јасно и стручно ги образложува сите разлики дека целиот спор е нонсенс. Преводот на збирката беше мојот придонес лани за македонскиот јазик – вели Цинега-Панзова.
Ректорот на УКИМ, Никола Јангулоски во чија организација е настанот смета дека колку што се пониски навредите од страна на Бугарија, толку поисправени треба да бидеме како заштитници на македонскиот јазик и продолжувачи на академската и научна традиција за негово промовирање и зачувување.
– И колку се посилни нападите, колку се пониски навредите упатени на адреса на македонскиот јазик, литература и култура, толку сме поисправени како високообразовна и научна институција, која ги негува и развива македонскиот јазик, литература и култура и образова кадри на македонски јазик – нагласи Никола Јанкуловски.