КОВАЧЕВСКИ ЌЕ РАЗГОВАРА СО РАМА Премиерот ќе реагира откако Македонците рекоа дека им вршат притисок да се пишат Бугари

Да имаше некои такви натписи, јас ќе се видам со премиерот Еди Рама на „Опен Балкан“ во Белград и ќе разговарам на таа тема со него, само кратко одговори Ковачевски.

1,117

Премиерот Димитар Ковачевски идната недела ќе разговара со албанскиот премиер Еди Рама за случајот со Македонците во Албанија кои се пожалија дека се уценувани да се попишуваат како Бугари.

Ковачевски рече дека за тоа ќе зборува со Рама на претстојниот Саем за вино и храна „Отворен Балкан“ што ќе се одржи од 1 до 4 септември во Белград.






– Да имаше некои такви натписи, јас ќе се видам со премиерот Еди Рама на „Опен Балкан“ во Белград и ќе разговарам на таа тема со него – само кратко одговори Ковачевски.

Македонците од Албанија се категорични дека во оваа земја нема бугарско, туку македонско малцинство кое Бугарија по пат на пропаганда сака да го прикаже како нивно.

Дали македонската Влада на некаков дипломатски начин ќе реагира за заштита на Македонците кои алармираа дека се врши асимилација на малцинството во Преспа, Голо Брдо, Гора и Врбник, засега не се знае.

Поврзани содржини