НАСТАВНИЧКА ДРЖИ ЧАС ПО БИОЛОГИЈА ВО КОСТИМОТ НА SLIM GOODBODY Овие третоодделенци нема никогаш да ја заборават лекцијата
Учителката која пред 3 години облече костим со принт кој ја прикажува анатомијата на човечкото тело е повторно вирална, иако многу луѓе не знаат дека овој костим е инспириран од костимираниот лик Slim Goodbody, создаден од Џон Бурстин, кој се залага за здравјето на децата повеќе од 40 години. Што мислите вие за овој храбар потег на наставничката?
Вероника Дук е учителка која стана вирален хит на интернет откако нејзинот сопруг објави фотографии на Твитер на кои таа е облечена во костим со принт со анатомијата на човечкото тело, за време на предавање на час по биологија.
Училиштето веројатно е еден од најдобрите делови од нашите животи кога стекнуваме пријатели и имаме прекрасни спомени. Една многу важна работа за училиштата е начинот на кој наставниците предаваат. Вообичаено, луѓето секогаш се сеќаваат на начинот на кој им предавале наставниците, но најмногу на оние кои знаеле да го пренесат знаењето на иновативен начин и важеле за омилени меѓу своите ученици.
Вероника Дук, која кога се направени фотографиите имала 43 години, предава во училиште, а на часот по анатомија го задржала вниманието на своите ученици предавајќи во овој костим кој го нарачала преку Интернет.
Повеќе за ова, фотографии од часот и видеа од шоуто на Slim Goodbody ќе најдете на порталот „Мајка и дете“.