СКОПЈАНКАТА ЈАСМИНА Е МАЈКА НА 9 ДЕЦА И СОПСТВЕНИЧКА НА ШАРЕНЛИ АН Најшарениот салон за исцелителна масажа направен со мајчинска љубов и посветеност

„Мило ми е што сите ме поддржаа во оваа нова страница во мојот живот. Ова ми е прва работа надвор од домот и желба на сите околу мене беше да направам нешто за себе, да се најдам себеси во некоја професија и да престанам да бидам мајка 24/7“, вели 45-годишната Јасмина Зафировска, мајка на 9 деца и сопственичка на Шаренли Ан, салон за исцелителни масажи и третмани во старата скопска чаршија, меѓу кои најинтересна е капинг терапијата, односно, хиџамата.

3,848

Скопјанката Јасмина Зафировска е мајка на 9 деца, во декември ќе полни 45 години, а нејзиното најстаро дете, ќерката Анастасија, има 25 години. Најмалото дете има 11. Од нив, шест машки и три девојчиња, родени отприлика на две години.

Од пред една година, Јасмина која целиот живот им го посветила на сопругот и на децата, но никогаш не работела некоја професија, односно, немала платен ангажман, конечно, под притисок на најблиските решила да излезе од сигурноста на својот дом и да направи нешто со себе и за себе, без притоа да се грижи за тоа дали сите јаделе, пиеле, спиеле, дали се садовите измиени, креветите наместени, а куќата средена.






Вели дека никогаш претходно немало потреба таа да заработува затоа што нејзиниот сопруг работел вредно за сите. Таа пак се занимавала со децата, со нивното одгледување и воспитување и со домот, а работа, претпоставувате, имала преку глава. Иако преовладува мислењето дека најчесто се разгалуваат децата кои се единци, Јасмина успеала да ги разгали сите 9.

„Секое утро ги будев со подготвен појадок, им ги местев креветите, чистев зад сите нив, а кога наеднаш, за време на короната сите почнаа да готват по нешто, а сѐ уште никој од нив не миеше садови, се случуваше јас да не излезам од кујна цел ден миејќи по 30 тавчиња и еден куп чинии и чаши. Дневно пуштав по 20 машини за перење, а бидејќи сум ќерка на воено лице и внука на генерал, сакав сѐ да е средено и чисто“, раскажува Јасмина.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини