„ПАТЛИЏАН ТУРИСТ СО ПОРШЕ“ На автомобил вреден речиси 200.000 евра ставил шатор и заминал на одмор (ФОТО)

„Па, тоа е еден од нашите, гастарбајтери“, „Или се плаши од лавови, или се плаши дека некој ќе му го украде неговото Порше“, се само дел од коментарите.

5,503

Приказните за „патлиџан туристите“ ова лето се поактуелни од вообичаено, па дури и оние со подлабок џеб немаат проблем да донесат храна од дома, а во случајов сместување, како што покажува фотографијата која се појави на социјалните мрежи и предизвика лавина од коментари.

Имено, на фотографијата е Порше, вредно околу 200.000 евра, на кое има шатор.






Фотографијата предизвика лавина од коментари и на Твитер и на Фејсбук страницата „Live from Greece“.

„Хммм, како се вели на германски „патлиџан турист со Порше?“, „Па, тоа е еден од нашите, гастарбајтери“, „Или се плаши од лавови, или се плаши дека некој ќе му го украде неговото Порше“, „Вака велат: луѓе на кои знаат да уживаат. Следната година вака ќе правам“, „Доаѓа рецесија“… се само дел од коментарите.

 

Поврзани содржини