ДАЛИ ЖЕНИТЕ ТРЕБА ДА ПРЕСТАНАТ ДА СЕ БРИЧАТ? Болната историја на женското отстранување на влакна
Иако последниве години многу жени престанаа да ги отстрануваат влакната од своите тела, истражувањата покажуваат дека женската депилација е сѐ уште високо нормативна во западната култура. Што мислите вие на оваа тема?
Во САД жените почнале да се бричат во 1915 година, поточно во периодот помеѓу Првата и Втората светска војна. Пред 20 век, жените морале само да ги отстранат несаканите влакна од лицето и вратот (практично единствените делови од телото кои не биле покриени со облека), но тоа го правеле користејќи природни или индустриски креми за депилација, а не со жилети.
Пред пронаоѓањето на бричот во облик на буквата Т во 1903 година, алатките за бричење биле соодветно наречени „жилети за грло“. Бричењето било услуга што им ја давале мажите на мажи на јавни места и барало значителна вештина.
Самостојното бричење било воведено по пронаоѓањето и популаризацијата на сигурните жилети. Тогаш жените постепено го прифатиле како безболна и евтина алтернатива на другите методи за отстранување на влакна.
Зошто жените почнале да се бричат?
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.