ПАДНА ЦЕНАТА НА НАФТАТА Се чека одлуката на американската централна банка

Очекувањата дека зголемувањето на каматните стапки ќе ја забави глобалната економија и ќе ја ослабне побарувачката за нафта дополнително ги намалуваат цените на нафтата.

1,170

Цената на нафтата од утринава повторно паѓа.

Барел од нафтата брент утрово се продава за 97,41 долар, откако цената падна за 0,99 отсто. Американската WTI  се тргуваше за 93,70 долари за барел по претходниот пад на цената.






Пазарите ја чекаат одлуката на американската централна банка (ФЕД) за монетарната политика, која ќе биде објавена в среда.

Додека макроекономските податоци објавени во светот покажуваат дека знаците на рецесија веќе се појавуваат во многу економии, очекувањата дека зголемувањето на каматните стапки ќе ја забави глобалната економија и ќе ја ослабне побарувачката за нафта дополнително ги намалуваат цените на нафтата.

 

Поврзани содржини