ДАЛИ ЗНАЕТЕ ШТО Е СУВО ДАВЕЊЕ? Лекар објасни кога родителите треба да бидат загрижени

Децата кои биле потопени на кратко време или кои аспирирале мала количина на вода дефинитивно треба внимателно да се следат четири до шест часа по настанот. Знаците на давење најверојатно ќе станат очигледни во првите еден до два часа

309

Загрижени родители го носат својот осумгодишен син на Итна помош. Претходно во текот на денот, додека играл во семејниот базен, го виделе како потонал на неколку секунди. По кратка епизода на кашлање, тој се одморил и се вратил во базенот да си игра со своите браќа и сестри.

Но, откако слушнале на вестите за случај на суво давење кај друго дете кое починало една недела по краткиот инцидент со потопување, родителите на момчето бараат лекарите да се уверат дека нивниот син е добро. Тие се загрижени дека нешто слично може да му се случи во наредните денови.






Слично сценарио се повторува во просториите за итни случаи и педијатриските операции секое лето, пишува USA Today. Според Центрите за контрола и превенција на болести, давењето е водечка причина за смрт кај децата на возраст од една до четири години, а најголемиот дел од случаите, 69 отсто, всушност се случуваат во време кога детето не плива.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини