ДВЕГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ СТАНА НАЈМЛАДА ЧЛЕНКА НА МЕНСА Знае да чита, пишува, брои наназад и решава едноставни математички задачи

Минатата недела доби покана да ѝ се придружи на Менса, а малата Исла моментално е најмладата членка на оваа престижна организација во светот

622

Двегодишното девојче Исла Мекнаб ​​стана најмладата членка на Менса, најголемата и најстарата меѓународна заедница на високоинтелигентни луѓе во светот. Девојчето од Кентаки е 104 години помладо од најстариот член на ова елитно друштво.

Според нејзините родители, Исла прилично рано почнала да ги покажува своите јазични вештини. „Имаше афинитет кон азбуката. Рано почна да изговара различни гласови. Потоа почнавме да користиме едноставни зборови и таа ги спелуваше“, изјавил таткото на девојчето, Џејсон Мекнаб, за WKRC – TV.






Кога ги дувала свеќите на роденденската торта за вториот роденден, Исла веќе читала. Нејзината мајка Аманда нашла психолог кој ја советувал да направи тест за интелигенција. Девојчето постигнало резултат од 99% и станало членка на Менса. Исла знае да чита, пишува, брои наназад и решава едноставни математички задачи, но и таа е како секое друго дете. Сака да си игра со деца и со нејзината мачка.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини