НИКОЛА, ДАМЈАН, БЛАЖЕ И ЈАН СО МЕДАЛИ ОД ОЛИМПИЈАДА Младите математичари со сребро и бронза се вратија дома
Водач на тимот е Илија Јовчески, а заменик-водач е Мирко Петрушевски.
Шест млади математичари од државава освоија два сребрени, два бронзени медали, како и пофалници на 63 Интернационалната математичка олимпијада – ИМО.
Како што информираше Сојузот на математичари, Никола Спировски и Дамјан Давков од македонската репрезентација освоија сребрени медали – Блаже Суклевски и Јан Стојановски бронзени, додека Алексиј Тасиќ и Јасна Илиева добија пофалници.
Водач на тимот е Илија Јовчески, а заменик-водач е Мирко Петрушевски.