СВЕЖИ УТРА, ДНЕВНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ ВО ПОРАСТ Сончево проследено со северен ветер
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 18, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степен. УВ индексот ќе биде 7.
Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. На југоистокот ќе биде сончево. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж пошироко Повардарие повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 18, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степен. УВ индексот ќе биде 7.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец кој краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 29 степени.
До петок ќе се задржи претежно сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој денес и утре вдолж пошироко Повардарие ќе засилува. До утре утрата ќе бидат посвежи, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст. За време на викендот ќе има услови за појава на изолирана нестабилност со појава на краткотраен пороен дожд.