НИТУ СЕ МЕШАВМЕ, НИТУ ЌЕ СЕ МЕШАМЕ Руската амбасада му одговори на Пендаровски за наводното провоцирање инциденти

Ние го почитуваме кој било избор на македонскиот народ, подготвени сме и понатаму да ја градиме нашата соработка заснована токму на ваквата основа – на меѓусебно почитување и еднаквост, се вели во соопштението објавено на веб страницата на амбасадата.

540

Русија не се мешаше, не се меша и нема намера да се меша во внатрешните работи на која било држава, вклучително и Северна Македонија, се вели во реакцијата објавена од Руската амбасада во Скопје во однос на изјавите на претседателот Стево Пендаровски. Претседателот неодамна во интервјуа за ТВ 21 на 8 јули и за весникот „Етнос“ на 10 јули рече дека Москва „ги знае слабите точки“ на Балканот и шири дезинформации и дека „лица од други земји се дојдени за да испровоцираат инциденти“.

Еве што одговорија од руската амбасада во Скопје:






„Ги отфрламе обвинувањата упатени против нашата земја. Ова е во спротивност со самата филозофија на руската надворешна политика. Добро е познато дека ваквите обиди никогаш не го носат посакуваниот ефект и на крајот ги дискредитираат оние кои прибегнуваат кон такви методи. Ние го почитуваме кој било избор на македонскиот народ, подготвени сме и понатаму да ја градиме нашата соработка заснована токму на ваквата основа – на меѓусебно почитување и еднаквост“, се вели во соопштението објавено на веб страницата на амбасадата.

Поврзани содржини