ВИКАЈТЕ ГО ПУТИН „ВЛАДЕТЕЛ“ Партија во Русија сака да го замени зборот „претседател“

Предлогот на партијта ЛДПР доаѓа четири месеци откако Русија е во војна со Украина. Тие сметаат дека по војната Русија треба да замени еден куп западни термини кои влегле во рускиот јазик. Според нив, добро е што западниот термин „претседател“ уште целосно не се вкоренил во Русија.

542

Рускиот претседател Владимир Путин би можел да го смени името, односно неговата титула. Тој нема да биде „претседател“, туку „владетел“, што е збор поблизок до руската култура, пишува Њузвик. Вака бара националистичката Либерално- демократска партија (ЛДПР) во земјата. Рускиот збор за „владетел“ е „правител“, што би рекле на македонски, „управител“.

Но, за Кремљ ова е нова идеја.






– Тоа е нова идеја. Немаме став за ова прашање – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Од партијата ЛДПР рекле дека користењето на терминот „ претседател“ „секогаш нѐ засрамувало“ како Руси. Партијата тврди и дека терминот првпат бил употребен на крајот на 18 век во САД, а „многу подоцна се проширил низ светот“.

„Кај нас, според историските стандарди, ова (претседател) е генерално нов збор и додека не се вкорени целосно, можете безбедно да го замените. На пример, со фразата „шеф на државата“ или зборот „владетел“. И двата се поразбирливи за руското уво“, велат од ЛДПР.

Предлогот на ЛДПР доаѓа четири месеци откако Русија е во војна со Украина. Тие сметаат дека по војната Русија треба да замени еден куп западни термини кои влегле во рускиот јазик.

Поврзани содржини