ПЕТКОВ ГО УПОТРЕБИ ЗБОРОТ „СЕВЕРНОМАКЕДОНСКИ“ Ако Скопје прифати, Брисел ќе гарантира
Ако Северна Македонија се согласи со францускиот предлог, во Уставот на Северна Македонија ќе влезат Бугарите пред да почне преговарачкиот процес. Второ, имаме јасни контролни механизми за говорот на омраза и за дискриминацијата. Трето, имаме многу јасни дефиниции за историските факти и образованието во училиштата во Северна Македонија, изјави Петков, додавајќи дека зад спроведувањето ќе стои Брисел.
„Северномакедонските“ партии протестирале против францускиот предлог кој е голем успех за бугарската влада, смета бугарскиот премиер во заминување, Кирил Петков во радио-интервју за БНР, негде по 39-та минута од разговорот. Според него, Бугарија направила „нешто неверојатно“ со неговото одобрување во парламентот по кое Софија веќе е ослободена од одговорност, а Брисел за првпат ја поддржал бугарската позиција во спорот.
– Ако Северна Македонија се согласи со францускиот предлог, во Уставот на Северна Македонија ќе влезат Бугарите пред да почне преговарачкиот процес. Второ, имаме јасни контролни механизми за говорот на омраза и за дискриминацијата. Трето, имаме многу јасни дефиниции за историските факти и образованието во училиштата во Северна Македонија – изјави Петков, додавајќи дека зад спроведувањето ќе стои Брисел.