ТРАУМАТИЧНИ ВИДЕА ОД КИЕВ Девојчето е спасено, мајката со часови врискала пред да ја извадат

Според пратеничката испукани најмалку осум проектили во Киев. Нејзиниот колега Олег Гончаренко вели дека се 14. Амбулантните возила се на терен. Едно лице е загинато, а Лесја Василенко шпекулира дека тоа може да е таткото на девојчето. Екипите се во потрага по преживеани.

1,178

Трауматични видеа од разорувањето на бомбардирана зграда во населбата Лукјановка на 10 минути од центарот на Киев објави украинската пратеничка Лесја Василенко на Твитер. Во едно од нив се гледа како спасувачите ја вадат мајката на седумгодишното девојче кое преживеа. „Жената со часови врискала од болка“, се вели во објавата.

Најмалку пет лица се повредени денеска во Киев кога проектил погоди станбена зграда во централниот дел на градот, соопшти началникот на украинската полиција Игор Клименко, јавува МИА.






Претходно денеска беше соопштено дека во Киев е погодена зграда на девет катови.

 

Според пратеничката испукани биле најмалку осум проектили во Киев. Нејзиниот колега Олег Гончаренко вели дека се 14. Амбулантните возила се на терен. Едно лице е загинато, а Лесја Василенко шпекулира дека тоа може да е таткото на девојчето. Екипите се во потрага по преживеани.

 

Утринавата Киев го разбудија четири експлозии.

Поврзани содржини