ЕВРОПА НЕ ЈА РАЗБИРА БУГАРИЈА Земјата „уште 36 пати“ ќе има можност да ги опструира преговорите со Македонија

Според Керемедчиев, дури и ако Бугарија сега го повлече ветото за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, понатаму уште 36 пати ќе има можност да го прекине преговарачкиот процес, доколку смета дека земјата не ги исполнува бугарските барања. Поставен е услов за промена на Уставот.  Ако Македонија го направи тоа, поглавјето „Човекови права“ се отвора на почетокот и се затвора на крајот на процесот, потсети тој.

199

Проблемот на Бугарија со Северна Македонија останува нејасен за бугарските партнери, оцени поранешниот бугарски заменик-министер за надворешни работи Милен Керемедчиев.

Според Керемедчиев, дури и ако Бугарија сега го повлече ветото за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, понатаму уште 36 пати ќе има можност да го прекине преговарачкиот процес, доколку смета дека земјата не ги исполнува бугарските барања.






Тој во изјава за Бугарското национално радио (БНР) нагласи дека Софија во моментов се соочува со „двоен надворешен притисок“, додавајќи дека странците не разбираат што всушност сака Бугарија.

– Билатералниот проблем ние го пренесуваме на ниво на разговори на сите 27 земји (членки на ЕУ) – смета поранешниот шеф на бугарската дипломатија.

Како пример тој ја посочува Хрватска, чии преговори со ЕУ беа блокирани од страна на Словенија во период од шест месеци поради спорови околу поглавјето „Транспорт“, додавајќи дека и во случајот со земјава на крајот од преговарачкиот процес Бугарија „сѐ уште го има последниот збор“.

– Поставен е услов за промена на Уставот.  Ако Македонија го направи тоа, поглавјето „Човекови права“ се отвора на почетокот и се затвора на крајот на процесот – изјави Керемедчиев објаснувајќи ги механизмите на преговорите за членство во ЕУ.

Тој смета дека сега е моментот за деблокирање на преговарачкиот процес со земјава, бидејќи по француското, следува чешкото претседателство со ЕУ, а по него и шведското.

– А Шведска не се занимава многу со проширувањето на Западниот Балкан – оценува Керемедчиев, додавајќи дека ако Северна Македонија и Албанија и натаму останат надвор од ЕУ, тоа ќе биде во интерес на Србија.

Поврзани содржини