ПО 9 ГОДИНИ УНКОВСКИ СЕ ВРАЌА ВО МНТ „Сите сме птици“ ќе игра во новата сезона

Во претставата ќе играат Емил Рубен, Звездана Ангеловска, Никола Ристановски, Николина Кујача, Дамјан Цветановски, Тина Трпкоска, Петре Арсовски, Сара Климоска и други.

207

Режисерот Слободан Унковски по девет години пауза повторно се враќа во Македонскиот народен театар со нова претстава „Сите сме птици“, по текстот на либанско-канадскиот автор Важди Муавад.

– Ја поставува оваа моќна современа драма која спојува повеќе јазици и различни светови на искуства, притоа го истражува и идентитетот за тоа кои сме или мислиме дека сме. Во драмата на уникатниот и современ автор Муавад, додека во светот се случува израелско-палестинскиот конфликт и нападите, едно семејство е во теснец и е принудено да се соочи со сè она што го знаат за својот идентитет. Терористички напад во Ерусалим го става во кома младиот израелско-германски генетски истражувач Еитан, додека неговата мароканска девојка Вахида е оставена да ја открие неговата семејна тајна – велат од МНТ.






Во претставата ќе играат Емил Рубен, Звездана Ангеловска, Никола Ристановски, Николина Кујача, Дамјан Цветановски, Тина Трпкоска, Петре Арсовски, Сара Климоска и други.

Текстот од француски на македонски јазик го преведе Калиопа Петрушевска.

Унковски во изминатите децении на сцената на Македонскиот народен театар ги постави претставите „Јунона и паунот“ (1971), „Среќна нова ’49“ (1985), „Ништо без Трифолио“ (1986), „Гнев божји“ (1990), „Црнила 005“ (2005) и „Изгубени германци“ (2013).

Премиерата на претставата „Сите сме птици“ се очекува со почетокот на новата театарска сезона.

Поврзани содржини